Оваа страница е дел од

Multilingual Thesaurus of the European Union

Предности и ограничувања

Предности и ограничувања

(a)  Предности

Користењето на поимникот ги има следниве предности:

  • стандардизација на терминологија од вокабуларот за индексирање што овозможува попрецизно пребарување низ документите;
  • повеќејазичност: утврдувањето јазични еквиваленти меѓу идентични концепти на различни јазици овозможува индексирање на документите на јазикот на документалистот и пребарување на јазикот на корисникот;
  • размена на библиографски податоци меѓу службите за документирање преку користење на поимникот Евровок.

(б)  Ограничувања

Сепак, Евровок има и ограничувања.

  • Евровок е изработен со цел исполнување на потребите на системите за општо документирање на активностите на Европската Унија; не е погоден за индексирање и пребарување на специјализирани документи;
  • Евровок не може да ги опфати сите различни национални состојби на доволно детален начин; сепак, се прават напори за земање предвид на потребите на корисниците надвор од институциите на Европската Унија.