Оваа страница е дел од

Multilingual Thesaurus of the European Union

Моментални стандарди

Моментални стандарди

Конвенции

Во сите јазични верзии, претпочитаните и непретпочитаните поими се генерално во еднина, а множината се користи кога еднината не одговара на нормална употреба.

Скратувањата на зборовите (абревијациите) се избегнувани со цел поимникот да биде поразбирлив и полесен за користење. Само акронимите на добро познатите меѓународни организации се земени како претпочитани поими. Специфични асоцијации се моделирани за да ги претставуваат врските помеѓу поим (цело име) и неговиот акроним или краткото име.

Сортирање по азбучен ред на поимите не е организирано според Формекс 4 кодирање.

Стандарди на поимникот

Во почетокот, поимникот Евровок беше создаден во согласност со стандардите на Организацијата за меѓународни стандарди:

  • ISO 2788-1986: Упатства за воспоставување и развој на еднојазичен поимник;
  • ISO 5964-1985: Упатства за воспоставување и развој на повеќејазичен поимник;

Од 2008, двата стандарди беа прегледани, проширени и споени во нов "ISO 25964 - Поимници и интероперабилност со други речници" стандард во два дела:

  • Дел 1: Поимниците за добивање информации ги покриваат еднојазичниот и повеќејазичниот поимник и беа објавени како нацрт-план за меѓународен стандард (DIS) во октомври 2009;
  • Дел 2: Интероперабилноста со други речници е во развој.

Погледнете ја официјалната веб-страна на ISO 25964.